Дома Трансфер зона Tри премиерлигаши во игра за потписот на Дибала

Tри премиерлигаши во игра за потписот на Дибала

Еден од најбараните слободни агенти на пазарот ќе биде Паоло Дибала. Јасно е дека од наредната сезона нема да го носи дресот на Јувентус. Има можност да остане во Серија А, но во игра се и клубови од Премиер лигата.

Интер подолго време важеше како фаворит за доведување на Дибала и започнаа преговори со агентот на фудбалерот. Меѓутоа сега во целата приказна се вклучија и Англичаните. Кога тоа е така се очекува жестока борба, посебно околу исполнувањето на финансиските услови.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Клубовите кои се споменуваат од Англија се Манчестер Сити, Арсенал и Тотенхем. Манчестер Сити можеби изгледа како фаворит и поради ситуацијата во овој момент и поради финансиската моќ. Сепак, Арсенал сезонава конечно почна да ги радува навивачите и сака уште посилен за наредната сезона. Тотенхем од друга страна како свој адут го гледа Конте кој соработуваше со Дибала во Јувентус.

Треба да се потсети и дека Аргентинецот пред неколку лета сериозно преговараше со Манчестер Јунајтед, но тогаш одлучи да се бори за место во Јувентус. Засега Јунајтед не се поврзува со Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …