Некогашниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Сол Бамба починал на 39-годишна возраст, објави Аданаспор каде што работеше како тренер.
На поранешниот фудбалер на Лидс му се слошило откако боледувал неколку дена и бил итно пренесен во болница пред натпреварот против Маниса. За жал докторите не успеале да му го спасат животот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нашиот нов технички директор, Сол Бамба кој имаше непријатности пред натпреварот против Манис и беше префрлен во најблиската болница ја изгуби битката за својот живот. Наше сочувство до неговото семејство и најблиски“, објавија Адана.
ПСЖ, Данфремлин, Хиберниан, Лестер, Трабзон, Палермо, Лидс, Кардиф и Миделсброу беа клубовите каде што настапуваше низ кариерата.