Вардар изненади со ангажманот на португалскиот тинејџер Нилтон Мело, а и самиот ракометар не можел да поверува кога пристигнала понудата од црвено-црните.
Станува збор за ракометар кој има 19 години и игра на позицијата лев бек. По потврдата на трансферот за медиумите во Португалија, Мело зборуваше за моментите кога му пристигнала понудата од Вардар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Со моите менаџери баравме проект кој би бил доволно професионален и каде што ќе можам да напредувам. Ми пристигнаа неколку понуди, но кога дојде онаа од Вардар не размислував многу, Вардар не се одбива. Искрен не можев да поверувам дека клуб со таква историја и традиција сака да доведе тинејџер како мене“, изјави Мело.
Многу брзо се очекува Мело да пристигне во Скопје каде што ќе биде и официјално претставен. Вардар зад себе има слаба сезона во која заврши на третата позиција во првенството зад шампионот Еурофарм Пелистер и Алкалоид.