Дома Фудбал Тухел по дебито на клупата за Англија посебно пофали еден фудбалер: Тој е чудо!

Тухел по дебито на клупата за Англија посебно пофали еден фудбалер: Тој е чудо!

Репрезентацијата на Англија со победа ги започна квалификациите за Светското првенство 2026 во Канада, Мексико и САД. Гордиот Албион на Вембли ја совлада селекцијата на Албанија со резултат 2:0 (1:0).

На клупата на англиската репрезентација дебитираше германскиот тренер Томас Тухел. Неговите избраници не прикажаа атрактивна игра, но од првата до последната минута ја контролираа ситуацијата на теренот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Можеме и мораме подобро. Добро почнавме, имавме седум-осум минути со 100 проценти посед на топка со многу додавања и голема енергија. Сепак, противникот е тешко да се пробие бидејќи се бранеше во длабок блок. Во второто полувреме се виде дека бевме преспори… Недостасуваше повеќе решителност и влезови зад последната линија на противникот,” изјави за англиските медиуми Томас Тухел.

Германецот од првата минута им даде шанса на дебитантите Мајлс Луис-Скели и Дан Бурн. Младиот 18-годишен фудбалер на Арсенал го обележа својот деби со водечки гол:

Неверојатен играч. Неверојатна личност. Влезе во репрезентацијата и веднаш ги освои симпатиите, сосема заслужено.“

Англија во второто коло во понеделник, 24 март, ја пречекува Летонија, која во Андора ги победи домаќините со резултат 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата најави промени какви што никој не очекуваше

Англиската Премиер лига подготвува големи новини за претстојната сезона, со кои има за цел…