Дома Фудбал Тухел: Немам проблеми со Белингем

Тухел: Немам проблеми со Белингем

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, ги отфрли шпекулациите дека неподготвеноста на Џуд Белингем да биде повикан е поради наводен личен конфликт со играчот. “Немам никакви проблеми со Белингем. Разговаравме телефонски и тој сакаше да биде на списокот за претстојните натпревари со репрезентацијата.”

Сепак, Џуд штотуку се врати на теренот и за Реал сé уште не одиграл полни 90 минути во натпревар. Ова е особено важно бидејќи тој сé уште не го воспоставил вистинскиот ритам. Белингем е исклучителен играч и за такви таленти, недостапноста не треба да биде пречка. Тој дефинитивно го заслужува местото во националната селекција,” изјави Тухел во петокот на прес-конференција.

Многу големи имиња отсуствуваат

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Тухел го објави списокот на фудбалери во петокот за пријателскиот натпревар против Велс (9 октомври) и квалификацискиот меч за СП 2026 против Латвија како гости (14 октомври), на кои не се најдоа Фил Фоден, Џек Грилиш и Џуд Белингем.

Белингем се врати на теренот средината на септември по операцијата на рамото. Очекувано беше на списокот да се појават и креативните играчи Фоден и Грилиш. Фоден сезонава, играјќи за Манчестер Сити, постигна два погодоци и две асистенции, додека Грилиш, кој oва лето беше позајмен во Евертон, зачекори во новата сезона со четири асистенции и ја доби титулата за најдобар играч во Премиер лигата во август.

“Освен тоа, немам никакви проблеми ниту со Фоден ниту со Грилиш. Фоден се врати и веќе беше одлучувачки играч во некои натпревари за Манчестер Сити. Што се однесува до Грилиш, неговото ниво повторно се зголемува и блиску е до она што го прикажуваше во најдобрите денови,” додаде Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ наскоро нема да биде најстар во клубот? Милан ја враќа легендата на 41 година

Милан наводно разгледува сензационално враќање на Тиаго Силва, 13 години откако последен п…