Дома Фудбал Тухел изненади на првиот список на репрезентацијата

Тухел изненади на првиот список на репрезентацијата

Томас Тухел го објави првиот список на репрезентацијата откако ја презеде улогата на селектор на репрезентацијата на Англија.

Меѓу 26-те играчи се најдоа и ветераните Кајл Вокер и Џордан Хендерсон, а и Маркус Рашфорд.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


За медиумите во Англија е изненадување што на списокот се наоѓаат Мајлс Луис-Скели од Арсенал и Ден Браун од Њукасл. Меѓутоа, не е помало изненадување што на него ги нема Џејмс Медисон, Џек Грилиш, Конор Галагер…

На списокот го нема ни Морган Гибс-Вајт кој има одлична сезона во Нотингем.

Тухел на новинарите им рече дека ги избрал играчите со кои сака да изгради кохезивен тим и да донесе нова енергија, но и да го истражи потенцијалот за долгорочни успеси.

Голман:

Џордан Пикфорд, Дин Хендерсон, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд

Одбрана:

Марк Гејхи, Рис Џејмс, Леви Колвил, Езри Конса, Тино Ливраменто, Ден Браун, Кајл Вокер, Мајлс Луис-Скели

Среден ред:

Џуд Белингем, Еберечи Езе, Џордан Хендерсон, Куртис Џоунс, Кол Палмер, Деклан Рајс, Морган Роџерс

Напад:

Антони Гордон, Џерод Боуен, Фил Фоден, Маркус Рашфорд, Доминик Собослај, Хари Кејн.

Англија во март ја очекуваат два пријателски меча – на 21-ви на „Вембли“ ќе пристигне Албанија, а три дена подоцна, на 24-ти, Летонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исак ја одби понудата од Ливерпул, но нема да остане во Њукасл: Швеѓанецот приреди најголемо изненадување ова лето

Шведскиот напаѓач Александер Исак привлече внимание со своите одлични настапи во дресот на…