Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Оставете ме на мир!

Ѓоковиќ: Оставете ме на мир!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно негативно одговори на тврдењата дека размислува за пензија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последните неколку години, впечатокот е дека повеќе се разговара за пензионирањето на Ѓоковиќ отколку за било што друго.

Српскиот ас постојано мора да одговара на прашања кога ќе оди во пензија, дали размислува за тоа, до кога планира да игра…

Така беше и во Атина, каде што имаше малку остар одговор.

„Оставете ме на мир!”, рече Новак.

„Оставете ме да играм и да се забавувам. Нема одбројување. Секако дека некогаш сум размислувал за тоа, но одам со својот ритам. Ќе завршам кога јас ќе сакам, не кога други мислат дека треба”, додаде тој.

Ѓоковиќ во мај ја наполни 38 години, а потоа ја освои својата 100. титула во кариерата во Женева.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…