Дома Фудбал Не, не се шегуваме: Тандемот на Манчестер јунајтед е најдобар во Премиер лигата во октомври!

Не, не се шегуваме: Тандемот на Манчестер јунајтед е најдобар во Премиер лигата во октомври!

Месечните награди од Премиер лигата за месец октомври отидоа кај „црвените ѓаволи“ од Манчестер. Рубен Аморим е избран за најдобар тренер, додека Брајан Мбеумо ја освои наградата за играч на месецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За двајцата, Аморим и Мбеумо, ова се првите признанија во нивните кариери.

Манчестер Јунајтед забележа три победи во три натпревари овој октомври, што претставува прв пат да ги врзат три лигашки триумфи по ред од февруари 2024 година.

Тимот од Олд Трафорд забележа победи против Сандерленд (2:0), против нивниот најголем ривал Ливерпул (2:1) што е прва победа на Јунајтед на Енфилд по скоро десет години и против Брајтон (4:2).

Аморим е првиот менаџер на Јунајтед кој ја добил таа чест за менаџер на месецот откако последен пат наградата ја доби Ерик тен Хаг во ноември 2023 година.

Мбеумо има зад себе одличен месец. Беше стрелец или асистент во сите три натпревари овој октомври – ја започна серијата со асистенција за Мејсон Маунт против Сандерленд, постигна гол на Енфилд против Ливерпул за само 62 секунди игра, а беше и стрелец против Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓоковиќ има фаворит, еве за која репрезентација мисли дека ќе го освои Мундијалот!

Новак Ѓоковиќ прогнозираше дека Португалија ќе го освои Светското првенство кое се одржува…