Дома Фудбал Джои Бартон во центарот на скандал, прогласен за виновен за навреда на аналитичарките

Джои Бартон во центарот на скандал, прогласен за виновен за навреда на аналитичарките

Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон е прогласен за виновен за објавување на “изразито навредливи” пораки на социјалните мрежи за две фудбалски аналитичарки и еден британски ТВ водител.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Судот во Ливерпул оцени дека 43-годишниот Бартон “ја преминал границата помеѓу слободата на говор и кривично дело” во шест објави на платформата X (поранешен Твитер), кои се однесуваа на поранешните фудбалерки Луси Ворд и Ени Алуко, како и на телевизискиот водител Џереми Вaјн.

Бартон беше ослободен од уште шест точки на обвинението кои се однесуваа на наводни навредливи пораки испратени помеѓу јануари и март 2024 година.

Во текот на играчката кариера Бартон настапуваше за Манчестер Сити, Њукасл, Квинс Парк Ренџерс и Бернли, а кариерата ја заврши во 2017 година. Потоа работеше како тренер на понисколигашките клубови Флитвуд Таун и Бристол Роверс.

Денес е активен како социјален коментатор на мрежата X, каде има околу 2,7 милиони следбеници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прекрасен момент: Педро Поро го исполни детскиот сон и му го предаде медалот од Мундијалот на својот дедо (Видео)

Фудбалот често создава најубави приказни, а една од најтрогателните доаѓа од шпанскиот реп…