Дома Фудбал Тудор фрустриран: Неопходни се промени

Тудор фрустриран: Неопходни се промени

Јувентус ја започнува новата сезона во Серија А во недела, а пред првата пресметка, на прес-конференција се обрати тренерот Игор Тудор.

Во оваа прилика, тој го искажа своето незадоволство кон актуелниот систем на летниот трансфер период, истакнувајќи дека е неправилно сезоната да почнува додека трансфер-пазарот е сè уште во тек и отворен до крајот на месецот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Трансферите? Ако сум искрен, воопшто не се занимавам со шпекулациите затоа што би полудел. Целосна лудост е сезоната да почне додека трансфер периодот е сè уште отворен. Соодветно, треба да дојде до промени – трансфер периодот мора да заврши една недела пред почнување на првенството, а што ќе биде, нека биде“, рече Тудор и продолжи:

„Ова ја нарушува концентрацијата и секојдневното работење, но ситуацијата е каква што е и моментално мора да ја прифатиме. Мораме да се фокусираме на теренот и на играчите што ги имаме на располагање.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не чекаше залудно: Европски гигант подготви понуда за Санчо

Џејдон Санчо е поврзан со изненадувачки трансфер кој никој не можеше да го замисли дека ќе…