Дома Останати Кошарка Трипл-дабл на Дончиќ во поразот на Лејкерс од Бруклин

Трипл-дабл на Дончиќ во поразот на Лејкерс од Бруклин

СИНОЌА во НБА лигата се одиграа 12 натпревари. Бруклин Нетс на домашен терен ги победија Лос Анџелес Лејкерс со резултат од 111:108.

Лука Дончиќ, кој неодамна премина во Лејкерс, беше еден од најистакнатите играчи на натпреварот. Тој го постигна својот втор трипл-дабл како член на Лејкерс, со 22 поени, 12 асистенции и 12 скокови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, неговото шутерско издание не беше оптимално. Погоди само осум од 26 обиди од игра и три од 10 за три поени. Дончиќ остварува просек оваа сезона од околу 30 поени, 9 скокови и 8 асистенции по натпревар.

Покрај Дончиќ, други истакнати играчи на натпреварот беа Остин Ривс, кој речиси постигна трипл-дабл со 17 поени, 10 асистенции и 8 скокови, но имаше слаба шутерска вечер, погоди само три од 14 обиди.

Лос Анџелес Лејкерс се моментално на третото место во Западната конференција со скор од 40-22. Бруклин Нетс се на 12. место во Источната конференција со скор од 21-42. Со победата ja прекинаа серијата од седум последователни порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос и масовна тепачка во НБА лигата: Реагираше и полицијата! (Видео)

За време на натпреварот помеѓу Детроит Пистонс и Шарлот Хорнетс, што се одигра ноќеска, на…