
Десниот бек на Реал Мадрид Трент Александар-Арнолд го посвети своето претставување во четвртфиналниот дуел со Борусија Дортмунд од Светското клупско првенство на својот пријател Диого Жота.
„Пред сè, би сакал да изразам сочувство и да кажам дека љубовта, мислите и молитвите ми се со семејството на мојот близок пријател. Беше многу, многу тешко за мене и за сите што го познаваа – не само за соиграчите, пријателите и семејството, туку и за фудбалската заедница. Беше емотивно и трогателно да се види како фудбалскиот свет се обединува и собира, за да ја покаже својата љубов и поддршка кон него, неговото семејство и брат му. Иако беше тешко, беше убаво да се види како сите клубови и луѓе се обединија за да ја покажат својата љубов и поддршка во овој исклучително тежок момент за семејството. Бев со него и брат му, неговото семејство, неверојатната му сопруга, неговите родители, неверојатните му три деца, па навистина беше срцепарателно да се разбудиш со таква вест. Ова е нешто што никогаш не би очекувал.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Тој беше многу близок пријател, некој кој ќе ја осветли просторијата кога беше во неа. Делевме соблекувална со него пет години, имавме неверојатни спомени на теренот и надвор од него. Никогаш нема да биде заборавен од никого. Ќе живее долго во нашето сеќавање поради тоа каква личност и играч беше.
Беше тешко, нема да лажам. Го направив тоа во чест на мојот близок пријател. Сигурен сум дека тоа би сакал да го направам и ќе се смеевме и шегувавме за мојата асистенција. На некој начин беше во негова чест. Сигурен сум дека беше со мене денес“, изјави емоционалниот Трент.