Дома Фудбал Треневски: Ако ме повика Партизан, ќе тргнам пешки!

Треневски: Ако ме повика Партизан, ќе тргнам пешки!

По смената на Срѓан Благојевиќ, Партизан како привремено решение на местото шеф на стручниот штаб го постави Марко Јовановиќ, а управата на клубот од Белград започна со потрагата по трајно решение.

Изминативе денови се појавија гласини дека еден од кандидатите за нов тренер на Партизан е малку познатиот поранешен фудбалер на црно-белите, а сега тренер на црногорскиот третолигаш Балкан Иглс – Виктор Треневски.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Македонецот открива дека контакт со Партизан немало.

„За мене, како и за многумина, ова е убава вест која и јас ја прочитав, но за жал останува само на тоа, бидејќи немаше никакви контакти со луѓето од Партизан“,  изјави тој за “Спортски журнал”.

А, доколку повикот дојде, Треневски нема дилема – пешки би тргнал кон Белград.

„Тоа би била голема чест за мене. Би му рекол на луѓето од Партизан да ми дадат два дена, бидејќи пеш ќе дојдам до Белград. Кога станува збор за мојот сакан клуб, ништо не би ми било тешко. Со една генерација играв во Белград, а верувајте ми дека би сакал да работам со оваа генерација, бидејќи мислам дека имаат голем квалитет. Се надевам дека со мене би се развиле“,  јасен е тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда која навивачите повеќе не сакаат да ја гледаат и Рубен Аморим се роднини!?

Се чини дека нов скандал е на повидок во Манчестер Јунајтед, а причина се тренерот Рубен А…