Дома Фудбал Тренерот на Лион: Премногу го прославивме четвртиот гол. Сe слави дури на крајот.

Тренерот на Лион: Премногу го прославивме четвртиот гол. Сe слави дури на крајот.

Во исклучително драматичен натпревар, Јунајтед го исфрли Лион и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа. Во Франција беше 2:2, а Јунајтед беше пред успех кога со головите на Мануел Угарте и Диого Далот на полувремето од возвратниот натпревар водеше 2:0. Сепак, Корентин Толисо и Николас Таљифико во второто полувреме погодија за продолженија. Толисо потоа заработи и втор жолт картон, па Лион во продолженијата влезе со бројчано намален тим.

И покрај тоа, Рајан Черки и Александар Лаказет ги одведоа гостите на 4:2 и изгледаше дека само чудо може да го спаси Јунајтед. Такво нешто и се случи. Во 114. минута Бруно Фернандеш погоди од 11 метри, а Коби Меино во 120. за, како што се чинеше, пенали. Но од пенали немаше ништо затоа што во судискиот додаток се појави Хари Мекгуер и ја комплетираше чудесната пресвртница.

Фонсека: Ни недостасуваше концентрација

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


“Тешко ми е да објаснам што се случи. Емоциите ми се спреплетени. Моите играчи направија одлични нешта низ целиот натпревар. Од 2:0 го преокренаа во 2:4. Но, не останавме концентрирани. Прерано го прославивме четвртиот гол. Не треба да се слави сè додека не стигне крајот. 

По нивниот пенал ни недостасуваше ментална енергија и емотивна рамнотежа. Им реков на моите играчи дека мора да научат нешто од овој натпревар. Тажен сум затоа што мислам дека заслуживме повеќе”, рече тренерот на Лион Пауло Фонсека по натпреварот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…