
Тренерот на Клубот Бриж, Ники Хајен, вели дека пред секој натпревар разговара со својата мајка. Така ќе направи и пред реваншот со Аталанта во Лигата на шампионите.
Тренерот на Бриж има посебен ритуал пред натпревари. Разговара со својата покојна мајка.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
„Пред секој натпревар разговарам со мојата мајка која почина пред четири години“, изјави Хајен на прес-конференцијата.
„Минатата година, пред плеј-офот на лигата, и реков дека сакам да направиме нешто лудо, на крајот ја освоивме титулата“, рече Хајен.
„Дали сум длабоко религиозен? Па, не, но чувствувам дека е тоа нешто што ми годи. Морам да верувам во нешто, да верувам дека нешто постои“, додаде тој.
Хајен беше назначен во март минатата година за вршител на должноста тренер на Бриж, а на крајот ја славеше освоената титула. Во јуни потпиша договор, го воведе тимот во плеј-офот на Лигата на шампионите и го држи второто место во шампионатот.
Најави дека очекува тежок натпревар на реваншот, но дека неговиот тим ќе ја игра својата игра, како и досега.
„Мојот план е ништо да не се промени само затоа што во првиот натпревар победивме со 2:1, Аталанта е многу силен тим. Ние мора да ја играме нашата игра, да бидеме исклучително дисциплинирани. Не смееме да бидеме наивни“, порача тој.
Бриж во првиот натпревар победи со резултат 2:1. Реваншот е во вторник, во 21 часот.