Дома Фудбал Тренерот на Барселона: Борусија ни го загорчи животот, но заслужено сме во полуфинале

Тренерот на Барселона: Борусија ни го загорчи животот, но заслужено сме во полуфинале

Барселона обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите и покрај поразот од Борусија 3:1. Борусија Дортмунд водеше 2:0 по двата гола на Серхио Гираси, кој во 11-та минута реализираше пенал за 1:0, додека во 49-та зголеми на 2:0.

Барселона ја намали предноста благодарение на домашниот играч Рами Бенсебаини, кој во 54-та минута си постигна автогол, а конечните 3:1 ги постави Гираси со нов гол во 76-та минута, постигнувајќи хет-трик. Натпреварот го прокоментираше тренерот на Барселона, Ханси Флик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во полуфинале сме и заслужено продолжуваме понатаму. Борусија има одличен тим и навистина ни го загорчи животот, но се квалификувавме во полуфиналето и тоа е она што е важно. Денеска не игравме на нашето најдобро ниво, но тоа е заслуга на домаќините кои беа многу добри. Сега сме чекор понатаму, но се уште сме далеку од крајот”, изјави Флик.

Фото: Барселона/ФБ

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Гвардиола му работат зад грб, но Шпанецот е мирен: Се подготвува ли фудбалска предавство на деценијата?

Манчестер Сити оваа сезона е во борба за трофеи. Тие сè уште се во игра на четири полиња и…