
Играчот на Реал Сосиедад Мартин Субименди навестува дека уште не е јасно каде ќе игра следната сезона.
Неговата изјава стигна изненадувачки, откако во Арсенал мислеа дека сè за трансферот е договорено, а англиските медиуми минатата недела објавија дека договорот е сигурен.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
На прашањето дали е возможно да остане во Реал Сосиедад, Субименди одговори:
“Секако, постојат можности, но изгледа ќе биде различно, долго лето и не знам како ќе заврши. Не размислувам за тоа сега, туку за репрезентацијата”.
Минатата недела се појавија информации дека играчот е на медицински прегледи во Лондон. Во истото време, тој објави фотографии од плажа во Сан Себастијан и објасни дека го направил намерно.
“Ова е пример за тоа што го окружува фудбалот. Многу пати се будам наутро и читам работи за кои не знам дека сум ги направил. Ова беше многу јасен пример. Не ги земам сериозно, но објавив овие фотографии за да нагласам дека тоа не беше реалноста”, сподели Субименди, кој минатото лето одби трансфер во Ливерпул.