Дома Фудбал Трансферот на играчот на Севиља пропадна. Наместо во Серија А, може да заврши во затвор

Трансферот на играчот на Севиља пропадна. Наместо во Серија А, може да заврши во затвор

Одбранбениот играч на Севиља, Кике Салас (23), се најде во центарот на истрага поради сомнеж за поврзаност со недозволено обложување. Според шпанските медиуми, вклучувајќи ги Марка и порталот Ел Конфиденцијал, Салас им давал информации на своите познајници врз основа на кои тие се обложувале, вклучувајќи и совети да ставаат облог на него лично.

Ел Конфиденцијал објави снимки од екранот на пораки на Вaтсап кои, наводно, потврдуваат дека Салас на своите пријатели им препорачувал да се обложуваат на добивање жолти картони кои потоа намерно ги добивал. Според тие наводи, во повеќе наврати му овозможил исплата на добивки.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Случајот од јануари го истражува Националниот полициски центар за интегритет во спортот и борба против обложувањето (Ценпида), и токму во текот на истиот тој месец Салас беше приведен во рамките на истрагата, и тоа во тренинг-центарот на клубот. Истрагата имаше директно влијание врз неговата кариера, вклучувајќи и стопиран трансфер во италијански Лацио.

Казната за вакво однесување може да достигне до три години затвор, но постои можност казната да биде ублажена доколку дојде до договор со засегнатите обложувачници. Бидејќи неговите дејства не влијаеле на конечниот резултат од натпреварите, постапката не се води под сомнение за наместени резултати.

Според достапните информации, пријателите на играчот во шест наврати оствариле добивка од вкупно околу 9000 евра, а секој добитен облог бил поврзан со јавни предупредувања кои ги добил Салас. Самиот играч наводно немал директна финансиска корист, но го искористил својот статус професионален фудбалер за да им овозможи на другите да остварат заработка.

Салас, кој потекнува од младинската школа на Севиља, оваа сезона одигра 30 натпревари за првиот тим. Како што се приближува крајот на сезоната, останува прашање дали истрагата ќе има долгорочен ефект врз неговата спортска иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eмотивна беше последната прес-конференција на Анчелоти: Малку фалеше Италијанецот да се расплаче (Видео)

Карло Анчелоти ја одржа својата последна пресконференција како тренер на Реал Мадрид. Крал…