
Јулијан Алварез би можел да стане нов играч на Барселона. Каталонците се уверени дека Аргентинецот може да го добијат за помалку од 100 милиони евра, колку што бара Атлетико, и тргнуваат по одличниот напаѓач.
“Барселона е уверена дека може да го потпише Џулијан Алварез за помалку од 100 милиони евра,” според извори блиски до каталонскиот клуб.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Секако, јасно е и како планираат да го добијат 26-годишниот напаѓач. Освен пари, ќе понудат и некој од играчите.
“Барса е спремна да вклучи еден играч во договорот. По оваа формула, веруваат дека трансферот би можел да изнесе далеку помалку од 100 милиони евра.”
Јулијан Алварез одамна е желба на каталонскиот клуб. Сега им е неопходен напаѓач, а Аргентинецот е првиот избор.