Дома Фудбал Tрамп се појави на Светското клупско првенство, па доби идеја за голема промена во САД!

Tрамп се појави на Светското клупско првенство, па доби идеја за голема промена во САД!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го сврте вниманието на јавноста со својата изјава поврзана со фудбалот. Во интервју за спортската стриминг платформа ДАЗН, Трамп спомена дека би можел да издаде извршна наредба со која би се сменило името на спортот во САД од “soccer” во “football”.

Иако поголемиот дел од светот го нарекува овој популарен спорт “фудбал”, САД, Канада и Австралија се меѓу ретките држави каде што формално се титулира како “soccer”.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


– Мислам дека би можеле да ја спроведеме таа промена, мислам дека би можел да потпишам таква одлука – рече Трамп со насмевка, за време на интервјуто што беше објавено во понеделникот:

– Тие го нарекуваат “football”, а ние го викаме “soccer”, но таа промена навистина би можела да се спроведе многу лесно. Прекрасно е да се гледа таа игра.

Не е јасно дали Трамп сериозно размислува за оваа идеја, но евидентно е дека станал љубител на така наречената “најважна споредна работа на светот”. За време на финалето, Трамп беше присутен на теренот и се појави покрај играчите на Челзи при доделувањето на трофејот, што многумина присутни ги изненади.

Фото: FIFA
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рио Фердинанд изненади со изборот на напаѓач против кој најмногу би се намачил како фудбалер

Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во истор…