
Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, изјави дека Доналд Трамп, претседателот на САД, потврдил дека репрезентацијата на Иран е добредојдена да учествува на Светското првенство 2026, и покрај сегашните тензии.
Инфантино рече дека во среда се сретнал со Трамп и дека за време на разговорот станало збор за учеството на Иран на турнирот кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, пренесе бриселскиот “Политико”.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Според неговите зборови, Трамп нагласил дека иранскиот тим “се разбира, е добредојден” да се натпреварува.
Иран веќе се квалификуваше за Светското првенство 2026 и се очекува да одигра три натпревари во групната фаза меѓу Лос Анџелес и Сиетл, но неговото учество во последните недели беше доведено во прашање поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран.