Дома Фудбал Трајковски пред дуелот со Белгија: Секогаш сме мотивирани, посебно кога играме против силна репрезентација

Трајковски пред дуелот со Белгија: Секогаш сме мотивирани, посебно кога играме против силна репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација денес ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство, во кои ќе се соочи со селекциите на Белгија и Казахстан. Атмосферата во тимот е позитивна, а репрезентативецот Александар Трајковски изрази задоволство од ангажираноста и желбата кај соиграчите.

Во изјава за медиумите, Трајковски нагласи дека играчите се дополнително мотивирани, особено поради натпреварот со Белгија – репрезентација која важи за еден од фаворитите и секогаш е предизвик да се игра против неа.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


„Сега е крај на сезона, меѓутоа овој циклус е важен за нас и мораме да се фокусираме максимално. Играме против Белгија во Скопје и тоа е важен натпревар, а потоа ни следи Казахстан. Тешко е, но по овој репрезентативен циклус може да се одмориме. Сега треба да го дадеме максимумот и да го извлечеме најдоброто од нас. Имаме доволно време да се подготвиме. Имам играно во Белгија, но помина многу време, репрезентацијата е променета. Тие имаат млади играчи и мислам дека ни следи поинаков натпревар. Секогаш постои мотив, на секој натпревар, посебно кога играте против посилна репрезентација“, вели Трајковски.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал му нуди нов договор на еден од незаменливите фудбалери

Дефанзивецот Габриел (27) треба да потпише нов и побогат договор со лондонски Арсенал, обј…