Дома Фудбал Трагедија: Му ветувале дека ќе добие нов клуб, а потоа го ликвидирале за 1.300 евра

Трагедија: Му ветувале дека ќе добие нов клуб, а потоа го ликвидирале за 1.300 евра

Голема трагедија ја потресе Сенегал и спортската јавност во Африка – младиот фудбалски голман, 18-годишниот Шеик Туре, е сурово убиен во Гана, откако бил киднапиран од криминалци кои му дале лажно ветување за проба во професионален клуб.

Како што потврди Министерството за африканска интеграција и надворешни работи на Сенегал, Туре бил измамен од група вооружени изнудувачич, кои го мамеле со изговор да оди на фудбалски пробен тренинг. Го киднапирале и барале откуп од неговото семејство од 1300 евра, но и по обидот за собирање на парите, криминалците не го поштедиле неговиот живот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Телото на младиот човек беше пронајдено во Гана, а сенегалските власти, во соработка со тамошната полиција, започнаа истрага за да ги осветлат сите околности на овој ужасен случај. Туре беше член на фудбалската академија „Esprit Foot Yeumbeul“, а во тек е процесот на негово враќање назад во татковината.

Министерството изрази „најдлабоко сочувство до семејството“ и ги повика сите млади спортисти, тренери и родители да бидат исклучително внимателни кога станува збор за поканите и понудите за проби во странство, потенцирајќи ја важноста на користење на официјални канали и потврдени информации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп за евентуално враќање во Ливерпул: Можно е

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, првпат призна дека теоретски е можно некогаш…