Дома Фудбал Трагедија го погоди Охрид и Македонија: Млад фудбалер загина по пад со мопед

Трагедија го погоди Охрид и Македонија: Млад фудбалер загина по пад со мопед

Oд фудбалскиот клуб Охрид објавија тажна вест дека нивниот млад фудбалер, 16-годишниот Анастас Каровски го загубил животот во сообраќајајна несреќа.

Охрид не откри премногу детали и се збогуваше со кратка порака на социјалните мрежи, а спореди нформациите станува збор за момчето кое го загуби животот во несреќата која МВР веќе ја потврди.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид“, соопшти МВР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рио Фердинанд изненади со изборот на напаѓач против кој најмногу би се намачил како фудбалер

Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во истор…