Дома Моторспорт Тото Волф продава дел од Мерцедес

Тото Волф продава дел од Мерцедес

Директорот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, е во напредна фаза на преговори за продажба на помал дел од своето партнерско учество во овој тим на Формула 1.

Доколку се постигне договор, вредноста на Мерцедес ќе порасне на шест милијарди долари, што ќе биде рекорд во Формула 1. Во септември лани, Мекларен беше проценет на 4,7 милијарди долари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Волф поседува третина од Мерцедес, а ќе продаде удел од околу пет проценти, според Би-Би-Си.

Веста за договорот прво ја објави Sportico, а „Би-Би-Си“ потврди дека информацијата е точна.

Останатите сопственици на тимот на Мерцедес се компанијата Мерцедес и петрохемискиот гигант Инеос, кои исто така имаат по една третина.

Мерцедес е втор во шампионатот на конструктори зад шампионот Мекларен, три трки пред крајот.

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на две трки оваа сезона и е четврти во поредокот, зад возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, и актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Бурно во Ферари: По критиките од претседателот, се огласија Леклер и Хамилтон

Луис Хамилтон и Шарл Леклер се огласија по јавната критика од страна на претседателот на Ф…