
Франческо Тоти (48), легендарниот капитен на Рома, изнесе интересни ставови за „Златната топка“ споредувајќи ја својата кариера со онаа на Лионел Меси, освојувач на осум златни топки.
Во разговор за подкастот „Viva El Futbol“, кој го водат поранешни играчи на Серија А Антонио Касано, Леле Адани и Никола Вентола, Тоти изјави: “Верувате ли дека Лео Меси би освоил толку „Златни топки“ако поминеше 25 години во Рома?”
Тоти, исто така, го пофали Пауло Дибала, кого го смета за еден од најдобрите играчи денес. “Дибала е играч кој најмногу ме потсетува на мене. Тешко ми е да најдам некој сличен нему во Серија А”, рече освојувачот на Светското првенство 2006 година. Тој додаде дека Дибала поседува ретко ниво на талент:
“Тој е вистински генијалец, не само во Италија. Во мое време имаше многу играчи од неговата класа, денес можеби пет или шест во светот. Еден од нив е Ламин Јамал.” Тоти нагласи дека Дибала моментално игра на врвно ниво: “Постојано блеска и никогаш не заостанува. Во Серија А тој е најдобар, но во Италија генерално има премалку играчи од негов квалитет.”