
Фудбалскиот клуб Тотенхем е заинтересиран за ангажман на напаѓачот на Брентфорд, Брајан Мбеумо, според новите информации од Би-Би-Си.
Камерунскиот репрезентативец забележа импресивна форма, постигнувајќи 20 гола за Брентфорд минатата сезона во Премиер Лигата. Неговиот поранешен тренер Томас Франк, кој го тренираше во Брентфорд, неодамна беше назначен како нов менаџер на Тотенхем.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Месецов, и Манчестер јунајтед го изрази својот интерес за Мбеумо, понудувајќи 45 милиони фунти плус дополнителни 10 милиони преку бонуси. Сепак, договорот не беше склучен, бидејќи понудата не ги задоволи очекувањата на Брентфорд.
Англиските медиуми откриваат дека Тотенхем сè уште нема испратено официјална понуда за 25-годишниот напаѓач, но интерес постои и од други клубови од Лигата на шампионите низ Европа.
Договорот на Мбеумо со Брентфорд истекува за една година, но клубот има опција да го продолжи за уште една сезона. Во неговиот договор нема откупна клаузула.
Мбеумо е дел од Брентфорд од 2019 година, кога дојде од францускиот второлигаш Троа, а досега за лондонскиот клуб одигра 242 натпревари и постигна 70 гола.
Фото: Tottenham/FB