Дома Фудбал Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот тренер ги презеде „петлите“ на средината од февруари по разрешувањето на Томас Франк со договор до крајот на сезоната и со задача да го задржи тимот во Премиер лигата.

Настапите на лондончаните под негово водство не се подобрија, а во седумте натпревари забележа само една победа, пет порази и едно реми. Во првенството, Тотенхем претрпе четири порази и освои само едеден бод на гостувањето против Ливерпул.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Можеме да потврдиме дека Игор Тудор го напушта клубот по взаимна согласност. Томислав Рогич и Рикардо Рагначи исто така ги напуштаат своите улоги како тренер на голманите и тренер за физичка подготовка. Благодарни сме им за вложениот труд во овие шест недели. Исто така, изразуваме жалење за загубата која ја доживеа Игор неодамна и ја изразуваме нашата поддршка кон него и неговото семејство. Наскоро ќе го објавиме новиот тренер на тимот,“ стои во официјалното соопштение на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хенес без влакно на јазикот: “Ако Исак вреди 150 милиони евра, тогаш Кејн е барем…”

Долгогодишниот челник на Баерн се осврна на пазарната вредност на напаѓачите и актуелните …