Дома Фудбал Тотенхем и Ливерпул до одиграа еден од најдобрите натпревари во сезоната – се радуваа „црвените“! (Видео)

Тотенхем и Ливерпул до одиграа еден од најдобрите натпревари во сезоната – се радуваа „црвените“! (Видео)

Неверојатен натпревар во Лондон денеска одиграа екипите на Тотенхем и Ливерпул, а на крајот на победата се радуваа „црвените“ со 3:6.

Гол-шоуто започна со голот на Луис Дијаз во 23. минута, а Мекалистер во 36. зголеми на 0:2. Се врати Тотнем во игра со погодокот на Медисон во 41. минута, меѓутоа Ливерпул сепак замина на пауза со два гола предност. За такво нешто се погрижи Шобослаи со погодокот во завршницата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во второто полувреме на сцена стапи неверојатниот Салах кој постигна два гола и додаде уште една асистенција по онаа за Шобослаи, па така Тотнем немаше одбрана.

Двата гола за ублажување на поразот на Тотенхем беа дело на Кулушевски и Соланке.

Ливерпул на табелата е лидер со 39 бода, потоа следи Челси со 35, Арсенал на третото место има 33. Тотнем пак е во долниот дел од табелата на 11-тата позиција со само 23 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…