
Во рамките на 17. коло од Премиер лигата, Ливерпул оствари важна победа на гостувањето во Лондон против Тотенхем со резултат 2:1, но триумфот на ‘Црвените’ беше засенет од повредата на Александер Исак.
Првото полувреме беше одбележано од случката во 33. минута, кога по проверка преку ВАР, Чави Симонс доби директен црвен картон поради груб старт, оставајќи го Тотенхем со играч помалку.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
До полувремето мрежите мируваа, иако гостите преку Флоријан Вирц имаа одлична шанса, но голманот Вицарио блескаво интервенираше.
Ливерпул ја искористи бројната предност на почетокот на вториот дел. Во 56. минута, одличната асистенција на Вирц ја претвори во гол Александер Исак, кој со прецизен удар му донесе водство на ‘Црвените’. Сепак, Швеѓанецот се повреди при оваа акција и со болна гримаса на лицето, со помош на медицинскиот персонал, го напушти теренот.
Само десет минути подоцна, Жереми Фримпонг нафрли од десната страна, а Уго Екитиќе со глава постигна гол за 2:0.
Тотенхем не се откажа, и покрај сложената ситуација. Во 83. минута, резервистот Ричарлисон најдобро се снајде по еден отскок во шеснаесетникот и го намали резултатот на 2:1, но немаше доволно време за изедначување.
Во судиското надополнување, капитенот на Тотенхем, Ромеро, доби црвен картон поради втор жолт картон.
Ливерпул ја зачува предноста и освои значајни три бода во трката за врвот на табелата, оставјќи впечаток дека играат сè подобро.