Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали, кој моментално игра за Њукасл, е главната цел на Јувентус во летниот трансфер период.
Пред две години, Тонали беше продаден на Њукасл за вредност од 70 милиони евра, но минатата сезона не играше поради суспензија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во оваа сезона не успева да биде стандардно вклучен, па затоа и самиот има желба да се врати во Серија А по завршувањето на тековната сезона.
Ако Њукасл не успее да обезбеди пласман за Лигата на шампиони, клубот би можел да го продаде Тонали, а Јувентус е подготвен да издвои 50 милиони евра за неговиот потпис.