
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски би можел повторно да настапува на домашната сцена, откако заврши успешна сезона во редовите на германски Потсдам.
Наводно, Томовски може да се пресели во актуелниот шампион, екипата на Еурофарм Пелистер каде што би формирал голмански тандем со искусниот Никола Митревски. Причина повеќе за ваквиот развој е замиинувањето на хрватскиот интернационалец Филип Ивиќ, кој е пред трансфер во Војводина.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Томовски остави одличен впечаток во Бундеслигата, каде неколку негови интервенции беа меѓу најистакнатите на колото, што дополнително ја потврдува неговата вредност и потенцијал како засилување за амбициозните битолчани.
Доколку трансферот се реализира, Пелистер ќе стане трет македонски клуб во кариерата на Томовски, кој претходно го носеше дресот на Вардар и Металург.