Дома Фудбал Толку беше лош: Челси ќе плати пет милиони евра за – да не го задржи Санчо!

Толку беше лош: Челси ќе плати пет милиони евра за – да не го задржи Санчо!

Фудбалскиот клуб Челси реши да не потпише договор со играчот Џејдон Санчо, и наместо тоа ќе плати казна од 5.000.000 фунти за да го врати во Манчестер Јунајтед, објавуваат британските медиуми.

Минатото лето, Санчо беше испратен на позајмица во Челси бидејќи имаше тензии со тогашниот тренер на Јунајтед, Ерик тен Хаг.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во Манчестер беа задоволни од заминувањето на 25-годишниот Санчо од Олд Трафорд во тој период.

Челси не плати за неговата позајмица и покри само половина од неговата неделна плата, што изнесуваше 300.000 фунти.

Како што информира Би-Би-Си, Челси се обврзал да го купи Санчо за околу 25.000.000 фунти ако заврши над 14-тото место на табелата во Премиер лигата, што тимот го исполни или да плати за да излезе од договорот.

Сепак, клубот и претставниците на Санчо не постигнаа согласност за договорот, кој условуваше фудбалерот да се согласи на намалување на платата во однос на неговата во Јунајтед.

Договорот на Санчо со Манчестер Јунајтед истекува за година дена, а англискиот клуб сè уште има долг од 17 милиони фунти кон Борусија Дортмунд, клубот од каде што го донесе играчот во 2021 година.

Оваа сезона, англискиот фудбалер одигра 42 натпревари за Челси, постигнувајќи пет гола и забележувајќи 10 асистенции.

Неговата позајмица во Челси завршува на 30 јуни, но најверојатно нема да игра за лондонскиот клуб на претстојното Светско клупско првенство во САД.

Фото: Chelsea FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се сменија работите: Гвардиола од денес веќе не е најплатен тренер во светот

Поранешниот тренер на Интер, Симоне Инзаги, склучи двегодишен договор со саудискиот клуб А…