Лука Јовиќ стана трета „деветка“ во Реал и на лето ќе може да си замине од клубот, така барем тврди шпанска „Марка“.
Според „Марка“ Јовиќ стана неупотреблив за Зидан поради проблемите со повредата. Во текот на есента пропушти седум натпревари, четири поради коронавирусот, а три поради повреда. Поради проблеми со мускулот нема да игра и против Осасуна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изгледаше дека Јовиќ и во текот на летото ќе го напушти Реал, но Зидан инсистираше на тоа Лука да остане и да се избори за нова шанса. Не е исклучено во јануари да биде испратен на некоја позајмица, додека на лето „кралевите“ ќе се обидат да го продадат.
Неговиот поранешен клуб Ајнтрахт веќе остварил контакт и сака да го врати. Многу често се спомнува и италијански Милан.