Дома Фудбал Тимот на македонскиот напаѓач, Бојан Миовски сруши негативеен рекорд стар 128 години!

Тимот на македонскиот напаѓач, Бојан Миовски сруши негативеен рекорд стар 128 години!

Тимот на Ренџерс доживеа пораз и во второто коло од Лигата на Европа. По поразот од Генк, сега на патот на екипата од Ајброкс застана и тимот на Штурм. Сепак, она што дополнително ги разочара сите во клубот е изедначувањето на еден негативен рекорд кој беше поставен пред 128 години.

Веќе во седмата минута, кога Хорват ја отвори листата со голови, Ренџерс ја постигна својата непожелна ознака. Ова беше нивниот 22-ри последователен натпревар на кој не успеаа да ја задржат својата мрежа недопрена.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Последен пат ова се случило во далечната 1897 година, кога Ренџерс имаше низа од 22 натпревари без „чиста мрежа“. Овој период се протегаше од 1895 до 1897 година, две децении после основањето на клубот.

Ренџерс не ужива подобар успех ниту во шкотската Премиер лига – со само една победа и четири освоени бода во шест натпревари. Негативната гол разлика е дополнителен проблем, со пет постигнати и шест примени голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато е кога ЦрвенаЅвезда го претставува Дејан Станковиќ

Српскиот тренер Дејан Станковиќ по вторпат ќе го преземе тимот на Црвена Ѕвезда од Владан …