Дома Фудбал Тим од Премиер Лига сака да ангажира Чави за тренер

Тим од Премиер Лига сака да ангажира Чави за тренер

Шпанецот Чави Еранандес е без тренерски ангажман откако ја напуштил клупата на Барселона во јуни 2024 година.

Според британските медиуми, управата на Тотенхем има желба да го доведе Чави на позицијата главен тренер на тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лондонскиот клуб не е задоволен од работата на данскиот стручњак Томас Франк, а сметаат дека освен резултати, на тимот му недостасува и јасно изградениот стил на игра.

Веруваат дека тоа би можел да го постигне токму Шпанецот, кој покрај пет години тренерско искуство, има и 17 години поминати во дресот на Барселона.

Чави како тренер го водеше клубот од Каталонија три години (2021-2024) и ја освои шпанската Ла Лига во 2023 година. Претходно тренеруваше во Ал Сад од Катар.

Тотенхем моментално се наоѓа на 11. позиција во Премиер лигата, по 16 одиграни кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид и Аталанта го објавија трансферот на Луукман

Атлетико Мадрид и Аталанта ја завршија зделката според која Адемола Луукман преминува од и…