Дома Тикет на денот Тикет на денот (вторник, 25.03.2025)

Тикет на денот (вторник, 25.03.2025)

Пред нас е уште еден ден каде што немаме кој знае колку атрактивна понуда, но сепак доволно голема за да составиме тикет на денот. Ова е нашиот предлог.

Израел – Норвешка – ГГ3+ @ 2.10 во Mozzart

Норвежаните многу жестоко ја отворија сезоната на квалификациите за наредниот Мундијал и нивната цел е пласман до некое големо натпреварување, а последен пат беа дел од СП во далечната 1998 година. Во првото коло Норвежаните победија против Молдавија со 5-0 и тоа јасно укажува дека оваа репрезентација е комплетно спремна. Израел пак и тие започнаа со победа, но не беа толку убедливи бидејќи победија против Естонија со резултат 2-1. Овде очекуваме отворен натпревар и типуваме ГГ3+ со квота 2.10 во Mozzart.

Црна Гора – Фарски Острови – 0-2 @ 1.62 во 22Bet

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


После завршетокот на ¼ финалето од Лигата на нации се комплетираше и оваа квалификациска група за Мундијалот. Од првиот шешир стигнаа Хрватите, па сега се фаворити во групата. Црногорците славеа со резултат 3-1 пред четири дена против Гибралтар и со тоа можат да бидат задоволни. Селекцијата на Фарски острови беа пак поразени од Чешка со резултат 2-1, но потврдија дека дуелите со нив не се воопшто лесни. Овде очекуваме да гледаме натпревар со многу тактизирање и мал број погодоци. Типуваме 0-2 гола со квота 1.62 во 22Bet.

Алжир – Мозамбик – 1&0-3 @ 1.70 во Bet365

Што се однесува до африканските квалификации за Мундијалот тие веќе се на половина од последната фаза. Изиграни се пет кола и останаа уште толку. Во групата Г се издвоија селекциите на Алжир и Мозамбик кои ќе се сретнат денес, а имаат ист број бодови. Овие две селекции имаат големи амбиции, но големо е прашањето колку ќе продолжи понатаму, а искрено и двата тима имаат шанси за тоа. Овде ние типуваме 1&0-3 гола со квота 1.70 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.78

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 25.03.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (понеделник, 24.03.2025)

Продолжуваат квалификациите за наредното СП во Африка и Европа. Ова е нашиот супер дабл пр…