
Денес имаме за нијанса подобра понуда за разлика од претходните денови, па веруваме дека ќе ја направиме вистинската комбинација. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Палмеирас – Ботафого – ГГ @ 1.95 во BC.Game
Со самиот пласман во нокаут фазата од светското клупско фудбалско првенство, овие две екипи ја исполнија својата примарна цел. Палмеирас до овде стигна со две реми и една победа, а Ботафого запиша подобар учинок така што оствари две победи и еден пораз. Мора да нагласиме дека Ботафого изненади позитивно со прикажаните игри и без поголеми проблеми го совладаа тимот на ПСЖ. Овде веруваме дека ни претстои ефикасен дуел со најмалку по еден погодок на двете страни. Типуваме ГГ со квота 1.95 во Bc.Game.
СЈК – Мариенхам – 1/1 @ 1.85 во 22Bet
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
СЈК се снајдува одлично досега во домашното првенство. Тие во последните два натпревари врзаа две победи, па тоа ги одведе во првиот дел од табелата, поточно на позициите кои водат во плеј оф, а познато е дека за нив тоа е врвен приоритет. На гости им доаѓа Мариенхам, тимот кој очекувавме да игра постабилно, но за жал тие откако е започната сезоната бележат променливи резултати. СЈК е во подобра позиција, па очекуваме да издоминираат на овој натпревар. Типуваме 1/1 со квота 1.85 во 22Bet.
Розенборг – Викинг – 3+ @ 1.50 во Bet365
Розенброг некако заостана во борбата за првата позиција, бидејќи имаат 10 бода разлика од Викинг, но и натпревар помалку. Во моментов се на 3-то место и веруваме дека ќе успеат во најмала рака да стигнат до некој од европските купови. Викинг на големо изненадување е на првото место и прикажува доста солидни резултати, а често знаат да прикажат и доста отворени и ефикасни натпревари, па овој пат очекуваме уште едно такво издание. Наш предлог е 3+ со квота 1.50 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.41
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 28.06.2025 во 07:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk