Дома Тикет на денот Тикет на денот (понеделник, 23.12.2024)

Тикет на денот (понеделник, 23.12.2024)

Ни следуваат денови со послаба понуда, а празниците се на прагот. За денес немавме проблеми при составувањето на тикетот. Ова е нашиот предлог.

Интер – Комо – 1&3+ @ 1.70 во Mozzart

Шампионот нема да се врати на врвот на табелата после ова кола, но имаат еден натпревар помалку во однос на Аталанта и Наполи. Ако не го сметаме поразот во Леверкузен во ЛШ, во Серија А врзаа три победи со дури 14 постигнати погодоци. Гостите можат да бидат релативно задоволни со својот досегашен учинок. Не се во зоната за елиминација и за нив тоа е најважно. Овде очекуваме Интер да доминира и ние се одлучивме да типуваме 1&3+ со квота 1.70 во Mozzart.

Гимараеш – Национал – 1&2+ @ 1.83 во 22Bet

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Гимараеш веќе заврши една важна работа оваа сезона и тие обезбедија пласман во 1/8 финалето во конференциската лига. Од 6 натпревари запишаа 4 победи и две реми, а пред нив заврши само екипата на Челзи. Национал пак не знае за победа на гости, а само два пати успеаја да земат бод како гости и последен пат тоа се случи уште на крајот на септември. Поради сите овие факти, ние сметаме дека домаќините ќе доминираат и типуваме 1&2+ со квота 1.83 во 22Bet.

Поли Јаши – Стеауа – 2 @ 1.68 во Bet365

После слабиот старт на првенството, романскиот шампион запиша неколку добри резултати и сега со евентуална победа ќе стигнат до првото место на табелата што им е приоритет за оваа сезона. Поли Јаши е на долнот дел на табелата и делува тешка мисија за да стигнат до првите шест позиции и на крајот на сезоната да играат плеј оф. Како и да е, за Поли Јаши е најважно да обезбедат опстанок, додека Стеауа има амбиции за титула. Овде типуваме 2 со квота 1.68 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.23

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (четврток, 26.03.2026)

Конечно денес имаме интересна понуда. Нема лигашки натпревари во овој термин, но тука се з…