
Нешто послаба понуда имаме овој понеделник, но сепак без поголеми проблеми издвоивме супер дабл и ви ги претставуваме во форма на тикет на денот. Ова е нашиот предлог.
Еспањол – Жирона – 1Х&0-2 @ 2.37 во Mozzart
Еспањол игра многу добро во последниов месец, но се уште се далеку од исгурниот опстанок, а во моментов имаат еден бод повеќе и два натпревари помалку од екипите кои се во црвената зона. Гостите пак не се во истата форма како што беа претходната сезона кога изборија пласман во ЛШ. Во последните четири кола зедоа само еден бод бидејќи запишаа три порази и само едно реми. Овде сметаме дека Еспањол ќе останат непоразени на натпревар со мал број погодоци. Типуваме 1Х&0-2 гола со квота 2.37 во Mozzart.
Лублин – Легија – ГГ3+ @ 1.98 во Bet365
Легија е далеку од титула во Полска и сигурни сме дека тој факт ги фрустрира фановите на славниот клуб од Варшава. Сепак Екстракласата е таква што прваците се сменуваат секоја година, а овој пат на врвот е Лех од Познан. Гостите на овој натпревар влегуваат како 5-то пласирани и реално немаат многу шанси за да стигнат до пласман во некој од европските купови. Лублин пак е на сигурно со 35 бода, а зад себе успеа да врзе две победи, па освен мирна завршница, овој тим не веруваме дека ќе оствари некој друг поголем успех. Како и да е, овде очекуваме отворен и ефикасен натпревар, па типуваме ГГ3+ со квота 1.98 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.69
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 10.03.2025 во 08:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk