Дома Тикет на денот Тикет на денот (понеделник, 07.04.2025)

Тикет на денот (понеделник, 07.04.2025)

Иако е понеделник, понудата е солидна и немавме проблеми околу составувањето на тикетот. Ова е нашиот предлог за денес.

Лестер – Њукасл – 2&2+ @ 1.95 во Mozzart

Со победата на Вулверхемптон во Ипсвич решена е последната дилема околу елиминацијата во Чемпионшип. Сега е скоро извесно дека во втората лига ќе се вратат Саутемптон, Лестер и Ипсвич. Сметавме дека Лестер нема да биде во таа група, но тоа е што е. Њукасл пак „брка“ пласман во ЛШ и во моментов тоа делува лесно достижно за нив. Овде очекуваме гостите да не се коцкаат со бодовите и веруваме дека ќе земат лесни три бода. Наш предлог е 2&2+ со квота 1.95 во Mozzart.

Елче – Расинг Ферол – 1&2+ @ 1.70 во 22Bet

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Екипата на Елче ја презеде лидерската позиција пред ова коло и веруваме дека планираат да останат на неа. Повратокот во Ла Лига е крајна цел за овој клуб, но дали тоа ќе го остварат преку првото или второто место е сеедно бидејќи двете позиции водат во елитата. Расигн Ферол се во безизлезна ситуација и се наоѓаат на претпоследното место со дури 16 бода помалку од првиот тим над цртата и тоа е нешто што не може да се надомести во преостанатите натпревари. Елче е фаворит, а ние типуваме 1&2+ со квота 1.70 во 22Bet.

Малме – Елфсборг – 1 @ 1.70 во Bet365

Шведското првенство само што започна и повеќе натпревари од оваа лига ќе имаме во текот на летото кога ќе завршат повеќето европски лиги. Овој понеделник имаме еден интересен натпревар каде што се сретнуваат актуелниот шампион Малме и Елфсборг. Овие два тима пред две сезони водеа голема борба за титула, а тогаш Малме успеа прв да стигне до целта. Елфсборг во минатата сезона заврши на 7-та позиција и остана без Европа, а новата сезона ја започнаа со реми против Мјалби. Ние овде очекуваме домаќините да победат и типуваме 1 со квота 1.70 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.64

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 07.04.2025 во 09:00 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (недела, 06.04.2025)

Уште малку вакви денови ни останаа во однос на комплетната понуда, бидејќи пополека влегув…