
Од денес се враќаме на клупскиот фудбал после репрезентативната пауза. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Шефилд Јунајтед – Ковентри – 1 @ 2.05 во Mozzart
Осум кола пред крајот на Чемпионшип борбата за титула е огромна. Конкуренцијата за првите две места и директниот пласман во елитата е помеѓу три тима, а разликата е само два бода. Шефилд е на 2-та позиција и тоа само поради полошата гол разлика, а нивната цел е пласман во елитата и тоа директен. Ковентри пак е во борба за да стигне на позиција која ќе ги одведе во плеј оф бидејќи шанси за директно да се преселат во Премиер лига немаат. Овде Шефилд се издвојува како благ фаворит, а веруваме дека ќе ја оправдаат таа улога. Наш предлог е 1 со квота 2.05 во Mozzart.
Специја – Бреша – 1 @ 1.52 во 22Bet
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Специја некако попушти во пресудниот дел од сезоната. Овој тим во последните 6 кола во Серија Б победи само еднаш и моментално го зазема третото место со пет бода помалку од второпласираната Пиза, додека Сасуоло на врвот се недостижни. Во претходното коло Специја играше без голови со Чезена на гости, па сега имаат огромна потреба за бодови. Гостите од Ломбардија се во тешка ситуација и се наоѓаат на 17-то место, а таа позиција води само во бараж за опстанок. Ние овде типуваме 1 со квота 1.52 во 22Bet.
Мец – Троа – 1 @ 1.68 во Bet365
Планот на Мец е експресно да се врати во Лига 1, а на 7 кола пред крајот на првенството се наоѓаат на второто место. Сепак, далеку од тоа дека ги решија проблемите. Пред 28-то коло во водство е Лориен, па Мец, а зад нив е Парис со еден бод помалку. Со оглед на овие факти, домаќините имаат приоритет да го задржат второто место и на тој начин да се преселат во елитата. Троа пак е тим кој е релативно спокоен и се наоѓа на 12-то место, па тие освен опстанок во втората лига немаат шанси за друг успех. Наш предлог е 1 со квота 1.68 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.23
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 28.03.2025 во 08:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk