После возбудливите изданија од европските купови, се враќаме на домашните првенства. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Волфсбург – Холштен Кил – 1Х&ГГ @ 1.97 во Mozzart
Волците продолжуваат со одличните партии иако во минатото коло запишаа пораз од Баерн Минхен. Дури и на Алијанц арена делуваше дека лидерот се мачи, но сепак на крајот успеа да ги земе трите бода. Во моментов Волфсбург е на 7-та позиција, а ако продолжат вака лесно можат да влезат во борбата за Европа. Гостите пак за прв пат ќе гостуваат кај Волфсбург во официјален натпревар од Бундеслигата, но мора да се напомне дека во баражот во 2018 година се сретнаа овие две екипи. На овој дуел очекуваме Волфсбург да останат непоразени и типуваме 1Х&ГГ со квота 1.97 во Mozzart.
Ст. Трујден – Антверп – 2 @ 2.39 во 22Bet
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Се ближи крајот на првиот дел од белгиската Жупиле Лига. Првите шест тимови ќе играат плеј оф за титула, а наредните шест ќе се борат за виза во конференциската лига. Останаа уште 8 кола додека да се подели лигата на три дела, а Антверп е една од екипите кои се фаворити за да се борат за титула, а искрено тоа им е сосема заслужено. Ст. Трујден пак нема победа на последните пет натпревари од кои четири во Жипиле лигата и една во купот. На овој натпревар ние очекуваме гостите да победат и типуваме 2 со квота 2.39 во 22Bet.
Шефилд Јунајтед – Хал Сити – 1 @ 1.62 во Bet365
Работите во англискиот Чемпионшип се одвиваат баш како што и предвидовме. Четири тима ќе се борат до самиот крај на сезоната за директен пласман во Премиер лигата, а два од тие четири ќе мора преку плеј оф да го направи тоа. Шефилд Јунајтед во последните пет натпревари запиша три победи и два порази, а на табелата се наоѓаат на 2-та позиција што е одличен учинок засега. Хал некако како да потфрли и од нив очекувавме многу повеќе, но во моментов тие се дел од црвената зона и ќе мора да „бркаат“ само опстанок и ништо повеќе. Ние типуваме 1 со квота 1.62 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 7.64
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk