Дома Тикет на денот Тикет на денот (петок, 02.05.2025)

Тикет на денот (петок, 02.05.2025)

Тикет на денот

Пред нас е уште еден фантастичен викенд, но нема да ги има уште многу до крајот на сезона. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Манчестер Сити – Вулверхемптон – 1&3+ @ 1.78 во Mozzart

Граѓаните се во одлична форма, но касно започнаа и веќе оддамна се простија од титулата. Далеку од тоа дека немаат за што да играат и покрај елиминацијата од Европа. После триумфот над Нотингем Форест во ½ финалето од ФА Купот ќе имаат шанси оваа сезона да ја завршат барем со еден трофеј. Волвс пак е во најдобра форма во лигата и имаат серија од шест последователни победи и прашање дали некогаш претходно врзале толку многу триумфи. Сепак овде ние предност даваме на домаќините и типуваме 1&3+ со квота 1.78 во Mozzart.

Ница – Ремс – 1&2+ @ 1.63 во 22Bet

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Тимот од Азурниот брег може да се најде во Лигата на шампиони за следната сезона. Тоа би било огромен успех за Ница, но за тоа има уште многу работа. На само три кола пред крајот на првенството, тие се наоѓаат на делба на 5-то место со Лион и Стразбур. Сите три екипи имаат по 54 бода, а еден повеќе има Монако, односно два, тимот на Лил. Ница ако сака пласман во елитата од Европа мора да победува и нема право на кикс. На гости им доѓа тимот на Ремс кој се уште нема обезбедено опстанок и тие пропуштија важни три бода во претходното коло на гостувањето кај Монпеље. Ние овде типуваме 1&2+ со квота 1.63 во 22Bet.

Шалке – Падерборн – 2 @ 2.20 во Bet365

Математички, за Шалке неопходен е уште еден бод за опстанок, но со услов Улм да освои максимален број бодови во преостанатите три кола. Во тоа е тешко да се поверува, но математички работите изгледаат така. Падерборн пак се уште има шанси за да се најде во елитата следната сезона, но имаат сериозна конкуренција и големо е прашањето колку ќе успеат во тоа. Сепак доколку сакаат да останат конкурентни мора да победуваат, а овој пат немаат право на кикс. Наш предлог е 2 со квота 2.20 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.38

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 02.05.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (четврток, 01.05.2025)

Денес понудата не е кој знае колку добра, но сепак имаме натпревари од послабите европски …