
Денес имаме фантастична понуда и без поголеми проблеми избравме натпревари за денешниот тикет на денот. Ова е нашиот предлог.
Јувентус – Аталанта – ГГ @ 1.75 во Mozzart
Во многу добро расположение тимот на Јувентус влегува на овој натпревар. Тие врзаа одлична серија резултати и сега се конкурентни за пласман во ЛШ, а ако продолжат со ова темпо до крајот може да се замешаат и во борбата за титула. Аталанта пак направи неколку неочекувани киксови, поточно реми и поради тоа овој натпревар го дочекуваат на 3-та позиција на табелата. Како и да е, двете екипи играат солидно, па сметаме дека головите нема да изостанат. Наш предлог е ГГ со квота 1.75 во Mozzart.
Хофенхајм – Хајденхејм – 1 @ 1.74 во 22Bet
Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓
Тимот од Синсхајм влезе во добра серија, а најдобар доказ за тоа ни се резултатите од последните три натпревари каде што овој тим запиша две победи и едно реми, па на тој начин создадоа одлична предност во однос на најзагрозените екипи. Хајденхејм од друга страна докажаа декан е се спремни да играат на повеќе фронтови, па поради настапот во Европа, тие попуштија во Бундеслигата и овој дуел го дочекуваат на последната позиција. Како и да е, веруваме дека Хофенхајм нема да ја пропушти оваа шанса за нови три бода и типуваме 1 со квота 1.74 во 22Bet.
Реал Мадрид – Рајо Валекано – 1/1 @ 1.83 во 20Bet
Реал Мадрид пред неколку дена заврши голема работа во рамките на Лигата на шампиони, а таму го победија Атлетико Мадрид, па на реваншот од 1/8 финалето ќе патуваат со еден гол предност. Во однос на домашното првенство, мора да признаеме дека во последниот натпревар не изненадија бидејќи претрпеа пораз од Бетис. Општиот впечаток за Рајо Валекано е одличен, но во последно време попуштија и врзаа три неуспеси, поточно два порази и едно реми. Кралевите имаат идеална шанса за да се оправдаат за киксот од минатото коло, па типуваме 1/1 со квота 1.83 во 20Bet.
Тотенхем – Борнмут – ГГ @ 1.41 во Bet365
Тотенхем дефинитивно разочара оваа сезона. Дури ниту најголемите песимисти не очекуваа дека овој тим после 27 изиграни натпревари ќе се наоѓа на вториот дел на табелата, но тоа е што е. После серијата од три победи во минатото коло запишаа пораз од Манчестер Сити со минимален резултат од 1-0. Борнмут пак во последно време како да попушти, но благодарение на добрата залиха од почетокот на сезоната, тие се уште се конкурентни за да стигнат до европските купови. Овде ние очекуваме најмалку по еден погодок на двете страни и типуваме ГГ со квота 1.41 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 7.86
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 09.03.2025 во 07:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk