Дома Фудбал Англија Teжок удар за Тотенхем: Без Сон еден месец – причината не е повреда

Teжок удар за Тотенхем: Без Сон еден месец – причината не е повреда

Тотенхем на почетокот на следната година ќе се најде во проблем. Клубот од Лондон едноставно нема вистинска замена за капитенот Сон кој ќе биде отсутен повеќе од еден месец.

Одличниот напаѓач би требало да ја предводи Јужна Кореја на шампионатот на Азија кој ќе се одржи од 12-ти до 10-ти февруари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што сега стојат работите Сон ќе игра против Бормут на првиот ден од Новата година, а потоа би требало да отпатува во Абу Даби и да се придружи на националниот тим.

Во зависност колку далеку ќе стигне Јужна Кореја, Сон може да не биде во комбинација за натпреварите против Манчестер Јунајтед, Брентфорд, Евертон и Брајтон.

Сезонава Сон постигна десет голови и додаде четири асистенции и секако дека е еден од најзаслужните што Тотенхем се наоѓа на петтото место во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси: Барселона е мојот дом и ќе се вратам еден ден

Лионел Меси во моментов игра за Интер Мајами, но по завршувањето на кариерата ќе се врати …