Жозе Мурињо се почесто е на мета на жестоки критики на јавноста и многумина очекуваат набрзо клубот да му додели и отказ.
Сезоната за Португалецот започна катастрофално. На Манчестер Јунајтед не му оди на теренот, последен удар беше поразот од Вест Хем (3:1) и веќе на големо пишува дека отказот на Мурињо е само прашање на време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се појави и вест дека Зинедин Зидан кој е прв фаворит за негов наследник веќе разговарал со Португалецот и му открил дека добил понуда од клубот, како и дека има една недела да ги поправи работите.
На Островот пресметаа дека Жозе од доаѓањето на Островот потрошил сума од 400 милиони евра. Овој податок и фактот што Португалецот е познат по „паркирањето автобус“ го искористија за тежок сеир на негова сметка.
Првата сезона: Купи автобус за 400 милиони евра
Втората сезона: Започна пречесто да го паркира
Во третата сезона: Го искрши!