Дома Фудбал Teжок удар за Тотенхем: Во последниот натпревар на Сон се повреди Медисон (Видео)

Teжок удар за Тотенхем: Во последниот натпревар на Сон се повреди Медисон (Видео)

Тотенхем се соочи со две шокантни вести за само два дена.

По објавата на капитенот и, може да се каже, легендата Хјунг Мин Сон дека ќе го напушти клубот оваа сезона, дојде уште една лоша вест на крајот од пријателскиот натпревар против Њукасл.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Џејмс Медисон мораше да ја напушти играта пред 90. минута поради повреда. Тој влезе во игра во 75 минута, а веќе во 86 минута беше приморан да го напушти теренот. Според тренерот на Тотенхем, Томас Франк, ситуацијата не изгледа добро:

„Повредата на Медисон не изгледа добро. Беше брутален момент,“ изјави новиот тренер на Тотенхем.

Медисон и претходната сезона се бореше со повреди, па оваа вест воопшто не е добра пред почетокот на сезоната. Натпреварот помеѓу Тотенхем и Њукасл заврши нерешено (1:1).

Во изминатата сезона, Медисон постигна девет голови и асистираше седум пати на 31 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Давид Луиз по седум месеци го промени клубот, пристигна и предизвика еуфорија

Давид Луиз го раскина договорот со бразилскиот клуб Форталеза само седум месеци по пристиг…