Дома Фудбал Teжок удар за Јувентус: Влаховиќ мора на операција?!

Teжок удар за Јувентус: Влаховиќ мора на операција?!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ќе отсуствува подолго време поради повреда на тетивата, соопштија италијанските медиуми.

Влаховиќ беше принуден да се повлече од теренот по само триесетина минути игра во натпреварот против Каљари. Повредата на мускулот беше причина за неговото повлекување, по што беше прегледан од докторите во Јувентус..

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првите прогнози се дека Влаховиќ би можел да отсустува два месеца, а можно е и повеќе, со потенцијална хируршка интервенција на повидок. Се очекува негово враќање во почетокот на февруари, иако овие проценки се променливи…

Ќе ги пропушти двата натпревари против Наполи во Серија А, потоа Рома, Болоња, Бенфика, Монако… За среќа на Јувентус, распоредот во наредниот период не им е особено тежок, но без својот најдобар стрелец ќе се соочат со потешкотии.

Според најавите во отсуство на Влаховиќ, Спалети би можел да го користи Јилдиз понапред како најистурен напаѓач.

Јасно е дека Јувентус нема да може да го продаде Влаховиќ во зимскиот трансфер период, бидејќи неговиот договор истекува на лето и има неизвесност околу неговото продолжување, а сакаат да заработат барем нешто од неговата продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Аталанта го врати Распадори во Серија А

Аталанта го објави привлекувањето на напаѓачот Џакомо Распадори, кој пристигнува со трансф…