Дома Фудбал Teжок удар за Флик: Барселона сериозно ослабена против Атлетико!?

Teжок удар за Флик: Барселона сериозно ослабена против Атлетико!?

Фудбалерите на Барселона загубија предност во однос на нивните ривали откако со поразот на домашен терен од Леганес му овозможија на мадридскиот Атлетико да ги стигне на табелата, па сега двата клуба имаат по 38 поени.

Многу работи не функционираа во играта на каталонскиот гигант во натпреварот каде што се истакна поранешниот репрезентативец на Србија Марко Дмитровиќ на голот на Леганес, а дополнителна нервоза во тимот на Ханси Флик предизвика повредата на европскиот шампион Ламин Јамал.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Чудото на шпанскиот фудбал мораше да го напушти теренот 15 минути пред крајот на натпреварот поради исчашување на скочниот зглоб, а прегледите утврдија дека постои огромна веројатност да го пропушти саботното дерби против Атлетико за првото место.

И покрај тоа што деталните прегледи во текот на денот ќе го утврдат точниот степен на повредата на Јамал, отежнувачка околност е што младиот шпански фудбалер имаше сличен проблем неодамна..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ подели казни: Тренерот и директорот на Кожуф надвор од фудбалот две години, а во ОФС Охрид се измислила цела лига!

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, врз основа на доставенит…